Ердоган потврди дека Турција нашла големи залихи гас во Црното Море

– Нашиот брод за сондажа „Фатих“ откри резерва на природен гас од 320 милијарди кубни метри, соопшти турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и додаде дека слична вест се очекува и од Медитеранот, јави Анадолија.

Тој ги потврди вчерашните најави во медиумите дека Турција во Црното Море пронашла најголеми залихи на природен гас во својата историја

– Одлучни сме енергетското прашање на нашата земја да го решиме од корен. За нас нема одмор и запирање се додека не дојдеме до позиција на нето-извозник во енергетиката, додаде Ердоган.

Тој оцени дека енергетиката покрај што е основниот елемент за развој, има голема важност во осигурување на националната независност.

– Зад игрите на Источниот Медитеран, стои борбата за енергетските извори, потенцирсше Ердоган и додаде дека „глобалниот нехуман поредок, кој една капка нафта ја смета за повредна од човечката крв, се уште го продолжува своето владеење, изјави Ердоган.

Back to top button
Close