ЕУ обезбеди 2,4 милиони евра помош за медиумите во Србија

– Европската унија ќе им помогне на медиумите во Србија да се справат со последиците од пандемијата Ковид-19 со 2,4 милиони евра грантови во следните три години, јави Бета.

Апликантите можат да добијат поддршка од 10.000 до 150.000 евра, а просечната вредност на грантовите е помеѓу 40.000 и 60.000 евра.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Сем Фабрици, изјави дека целта на овој проект е да се ублажат последиците од пандемијата Ковид-19 што е можно повеќе и да се зајакне медиумското опкружување и да се направи понезависно и попрофесионално.

– Медиумите се погодени од двојни тешкотии – економски промени во начинот на водење бизнис и технолошка трансформација, а во исто време тие мора да ја исполнат главната цел – независно и професионално информирање, рече Фабрици.

Фокусот на ЕУ, кога станува збор за медиумите, е обезбедување амбиент за слобода на изразување, рече Фабрици, оценувајќи дека спроведувањето на принципите на медиумската стратегија, донесена на почетокот на 2020 година, ќе помогне во создавање на поповолен амбиент, што е „клучен елемент за пристапувањето во ЕУ“.

Back to top button
Close