ЕУ се обидува да ја координира изолацијата на Велика Британија

Европската унија ќе се обиде да ги усогласи мерките кои ги воведоа земјите членки да спречат пристигнувања од Велика Британија по откривањето на новиот вид коронавирус, кој „е надвор од контрола“, соопштија европски дипломатски извори.

Европскиот механизам за одговор на кризата денеска свика итен состанок во Брисел за разгледување на различни опции за повторно отворање на границите со Британија на координиран начин и со исти мерки, истакна еден од изворите.

Мерките, кои се разгледувани на експертско ниво, треба утре да им се предочат на амбасадорите од земјите членки на ЕУ, а тие треба да се договорат колку ќе траат, со каков обем ќе бидат и како ќе се координираат.

Итно воведените вчерашни мерки се поради „претпазливост“, чија главна цел е да се блокираат патувањата од Велика Британија. Траењето на тие мерки се разликуваат од 48 часа за Белгија, Данска, Франција и Ирска, до 10 дена за Германија, Финска и Холандија.

Консултации се воделе меѓу лидери на земји кои имаат најголем проток на производи и луѓе со Велика Британија.

– Имавме сериозни здравствени информации, се договоривме со најблиските земји и ја донесовме таа одлука. Постои координација, изјави францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон.

Back to top button
Close