Филипче: Се бараат соодветни реципиенти за трансплантација на органи од млада почината пациентка

Почината е млада пациентка, чие семејство се согласило нејзините органи да бидат донирани. За ова денеска информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

„Имаме потенцијал да се направи уште една трансплантација кај нас. Имаме млада почината пациентка, има согласност од семејството  и сега се прават проверки за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти денеска се’ ќе се заврши, сега добивме согласност од  семејството на пациентката“.

Доколку постои можност нејзиното срце да биде трансплантирано на друг пациент, лекарскиот тим ќе биде истот кој ја направи и минатата трансплантација – најави министерот.

Back to top button
Close