ФОТО: Голем пожар во Делчево – повеќе пожарни возила на терен

Во делчевското село Бигла во тек е акција за гаснење на пожар кој избувнал во просториите на постоечката пилана Леска во близина на регионалниот пат Делчево – Бигла – Виница.

Eкипи на Територијалната противпожарна единица од Делчево со неколку возила се на терен со цел пожарот целосно да го локализираат.

Пожарот е пријавен околу 18 часот, а случајот е пријавен и во делчевската полиција. Засега нема информации за причините за пожарот.

 

Back to top button
Close