Франција: Оставка на вториот човек во Републиката во движење, чиј основач е Макрон

Пјер Персон, вториот човек на Република во движење -ЛРЕМ, чиј основач е претседателот Емануел Макрон, во интервју за париски „Ле Монд“ ја објави својата оставка. Тој е на мислење дека движењето не е „во состојба да се соочи“ со „новата фаза на петгодишниот мандат“ на претседателот Макрон, но сепак останува член на парламентарната група ЛРЕМ во Националното собрание, јави дописникот на МИА.

Од општинските избори во Франција на 28 јуни, водечките места во француското собрание и владата доживеаја промени, единствено од промените не беше опфатена партијата ЛРЕМ. Со заминувањеро на Пјер Персон, сега тоа се случува.

Во интервју за „Ле Монд“ , Пјер Персон, објави дека тој ќе се „повлече од раководството“ на движењето, „за да вдахне нов живот на партијата“.

-Движењето остана во својата логика од 2017 година, која требаше да го носи претседателскиот проект. Но, тоа веќе не произведува нови идеи. Работата во оваа област е недоволна “, тврди тој, проценувајќи дека ЛРЕМ „ во сегашна состојба не е „ способна да се соочи со (новата) фаза на петгодишниот мандат “ на претседателот Макрон.

Тој доаѓа од редовите на левицата, инаку пратеник од Париз, и според француските коментатори лошо „го свари“ засилувањето на десничарско крило на макронистичкиот екосистем.

-Да се оди подалеку не е бришење. Првичното ветување беше да се надминат поделбите, а не да се бришат нашите разлики. Во оваа смисла, нашето единство не треба да се сведува на едногласност или мека синтеза “, жали тој. Тој, сепак, вели дека неговото заминување „во никој случај не е личен каприц“, бидејќи „имал гаранција дека може да остане број два на партијата“.

Член на движењето од самиот почеток, Пјер Персон размислуваше, во ноември 2018 година, да се кандидира за шеф на ЛРЕМ против Станислас Гуерини. Среде кризата со „жолтите елеци“, тој во тоа време ја повлече својата кандидатура „во интерес“ на движењето. Резултат, дури и ако неговиот поранешен конкурент – сега партиски шеф – сигурно претставува „големи човечки и менаџерски квалитети“, тој денес смета дека „темата не е лична, туку политичка“. „Се спротивставив на една организација премногу повлечена и која не ги зема доволно во предвид нејзините„ членови “, нејзините локални избрани политичари или нејзините парламентарци“, вели тој.

Следствено, Пјер Персон „ги поканува сите оние кои сакаат да ги градат успесите од утре, исто така, да ги напуштат своите функции на чело на партијата и да напишат нова страница“. Јасно, тој ги повикува да си дадат оставка. „Предвидена е едноставна реорганизација на управувањето, во понеделник вечер, за време на состанокот на извршниот одбор. Ова покажува дека партијата не ја презела мерката за ситуацијата “, жали тој, потврдувајќи ги информациите откриени од неделникот „Л’Обс“ минатата недела.

Пред повторно да стане „обичен активист меѓу милитантите“, Пјер Персон ќе седне за последен пат во извршното биро на движењето закажана за понеделник вечерта. Можност за тој да им испрати последна порака на своите колеги. Ова збогум сепак нема да биде збогување: избраниот претставник на главниот град потврдува дека тој „очигледно останува член на парламентарната група“ ЛРЕМ во Националното собрание. И тој потврдува дека ќе води кампања за Емануел Макрон во 2022 година:

-Причината за моето учество во ова движење е визијата што ја носи од 2017 година. Ќе бидам покрај него за сите негови борби“. Раскинување, но не и развод.

Back to top button
Close