Гир за МИА: Се надевам на скорешно одржување на првата меѓувладина конференција, билатералните договори да се применуваат во добра атмосфера

 Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи што е можно поскоро. Сега е потребно земјите-членки да ја договорат финалната верзија на преговарачката рамка, којашто практично ја отвора вратата да се започне со преговарање, вели новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир, во ексклузивното интервју за МИА, кое што е негово прво по преземањето на функцијата.

На прашањето дали меморандумот на Бугарија, со кој се условува преговарачкиот процес на земјава, евентуално би го одложило одржувањето на првата меѓувладина конференција, Гир за МИА вели дека во моментот земјите-членки дебатираат за преговарачката рамка, тоа е внатрешен процес на Унијата и оти не може да ги коментира внатрешните дискусии на земјите-членки.

Гир ги оцени Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија како позитивни примери не само во регионот, туку и пошироко. – Многу е важно да се продолжи со имплементација овие билатерални договори во добра атмосфера, вели новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир, во интервјуто за МИА.

Со  евроамбасадорот разговаравме и за напорите на Владата во реформите што треба да ги имплементира во борбата против корупцијата, владеењето на правото, за новиот голем пакет финансиска помош на ЕУ за регионот за справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19…

Целосното интервју МИА ќе го објави утре.

Back to top button
Close