Главниот штаб за управување со кризи одржа седница

Главниот штаб за управување со кризи на денешната осма седница од прогласување кризна состојба, ги разгледа и надогради преземените мерки и досегашните активности на институциите, согласно Акцискиот план за посеопфатно дејствување против ширењето на Ковид-19.

Седницата беше одржана преку видеоконференциска врска. Со штабот раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи, СУК, назначени согласно и Законот за управување со кризи и дел од стручните лица од ЦУК.

-Беа разгледани и надоградени преземените мерки и определени досегашни активности на институциите, согласно Акцискиот план, што има за цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, заштита на здравјето и животот на населението. Тоа се настојува да се извршува преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, соопштија од ЦУК.

Како што посочуваат во соопштение, Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во неговата работата покрај постојаното работење и координириње со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор.

Ангелов неодамна информираше за определбите за јакнење на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи со учество на надворешни соработници од невладиниот сектор, што е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации коишто се значаен ресурс на општеството, наведуваат во соопштение

Back to top button
Close