Гори депонијата во Конче, граѓаните дишат отрови, власта незаинтересирана, велат од СДСМ
Гори општинската депонија во Конче, локалната власт е незаинтересирана, реагираат од ОО СДСМ Конче во објава на Фејсбук.
– Локалната власт во Конче –не се замара со загадувањето од општинската депонија.
Во близина на населбата Конче, локалната општинска депонија гори, намерно или поради негрижа. Наместо да преземе конкретни и итни мерки, локалната власт останува пасивна. Жителите секојдневно вдишуваат отровен чад, додека оние на власт кои не живеат во Конче – буквално „не го дишат тој воздух“, па затоа и не реагираат. – стои во објавата.
