Граѓани ги обележаа дупките на патот за Средно Водно

Со фотографии на кои со жолт спреј се обележани дупките на асфалтот на патот што води кон Средно Водно, граѓани побараа санирање на испуканиот асфалт од Град Скопје.

Од Град Скопје објаснуваат дека патот до Средно Водно – Горно Нерези е регионален пат и не е во надлежност на градот, туку на Јавното претпријатие за државни патишта и најавија дека ќе алармираат за состојбата до надлежната институција.

Извор: Радио МОФ

Back to top button
Close