Град Скопје ќе донира 3,5 милиони денари за несреќата на „Беса транс“

На барање на градоначалничката Арсовска, на денешната втора седница на Советот на Град Скопје, сумата во предлог-одлуката за доделување на паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата.

– На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа – кажа градоначалничката Арсовска во нејзиното обраќање на денешната седница на Советот.

Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.

 

Back to top button
Close