Градоначалници на средба со Комисијата за заразни болести

Мора на секое ниво да се јакне свеста за превенција од вирусот, а лажните изјави да бидат санкционирани, порачуваат здравствените власти.
Комисијата за заразни болести, според најавите, се очекува на денешниот состанок да ги повика и градоначалниците, кои треба посилно да помогнат во справувањето со растечкиот број на заразени од коронавирусот. Сегашните 40-те кластери во земјата се резултат на непочитувањето на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување групирања и собири. Доколку градоначалниците не успеат да делуваат на свеста на граѓаните да ги почитуваат мерките за носење маски и одржување дистанца, не е исклучено да се вратат построгите рестриктивни мерки. Тоа особено се однесува на неколку општини во земјата кои во последните две недели станаа растечки жаришта на Ковид- 19.

Лажните податоци го шират вирусот
Директорката на здравствениот и санитарен инспекторат Ирена Сотирова-Бухова вчера потврди дека зголемениот број новозаразени е исклучиво од непочитување на препораките, но и поради недавањето податоци за контакти.

„На терен на дневна основа се соочуваме со недавање точни лични податоци. Во епидемиолошката анкета дава точно име, а презимето случајно згрешено со две или три букви, непостоечка адреса, телефонски број не постои, меил секако не. Тоа се податоците кои ги добиваме од одредени граѓани, лажни односно неточни”, рече Бухова.

„Засега не можеме да кажеме дали ова е почеток на втор бран, но состојбата секо е загрижувачка, бидејќи во шест дена бележиме 21 нов случај на зараза. Во нашето окружување, првенствено во БиХ, Србија и Македонија, минатата недела нагло порасна бројот на заразени, па постоеше оправдан страв дека тоа ќе се прелее и кај нас. Сега се зависи од тоа дали ќе ги успеееме да ги откриеме сите контакти на заразените и така да ја исконтролираме ситуацијата”, вели за хрватски медиуми, епидемиологот Бранко Колариќ. Хрватскиот министер за здравство смета дека грѓаните не би било добро да ја напуштаат земјата, oсвен во крајна потерба, а шефот на епидемиолошката служба во хрватскиот Завод за јавно здравје, Бернард Каиќ, предупредува дека е евидентно оти се тестираат сѐ помал број на луѓе, што не е добро.
„Особено сега треба многу да тестираме, за веднаш да откриеме заразена особа, пред да го прошири вирусот”, вели тој, додавајќи дека има впечаток дека „сите прерано се опуштиле”.
И во Словенија со внимание ја следат состојбата. Шефицата на советодавниот штаб за Ковид-19 на словенечкото министерство за здравство, Бојана Боевиќ смета дека повеќето од новите случаи на заразени во Словенија се предизвикани од моменталниот режим на отворени граници. Во разговор за Радио Словенија таа истакнала дека веднаш треба да се преземат построги мерки нa границите, со особено внимание кон патниците од балканските земји каде што бројката на заразени расте.

Во Косово и Албанија во поседните денови има голем пораст на новозаразените, а Бугарија го дочека и новиот рекорд во изминатото деноноќие: од 2104 тестирани, позитивни се 132 лица, а шест ја изгубиле битката со вирусот со што бројката на починати достигна 190.
Доколку овие трендови продолжат, се најавува дека не е исклучено земјите во регионот многу скоро да преземат нови мерки за превенција.

извор: ДВ

Back to top button
Close