Гугл и Фејсбук подготвиле заедничка одбрана за антимонополските истраги против нив  

Технолошките компании Гугл и Фејсбук подготвиле заедничка одбрана во антимонополските тужби дадени против нив од редица сојузни држави и од сојузни органи како Федералната трговска комисија (ФТЦ).   

Според одделна тужба поднесена од десет сојузни држави, а до која дојде Волстрит журнал, се дознава дека двете компании се договориле „да соработуваат и меѓусебно помагаат“ во подготовките на антимонополската истрага.  

Во десетте сојузни држави на власт се републиканците со републикански државни обвинители. Тие денеска поднесија тужба против Гугл за наметнување монопол во онлајн рекламниот бизнис, и ковање заговор со Фејсбук да се истиснат помалите рекламни компании.  

Против двата технолошки гиганти досега се поднесени уште две заеднички тужби од речиси сите сојузни држави во САД, и од федералните служби как ФТЦ, одговорни да сузбиваат нелојална конкуренција. Против Фејсбук е отворен посебен случај поради откупот на Ватсап и Инстаграм, конкуретни социјални мрежи. 

Фејсбук ги отфрли обвинувањата, и укажа дека двете компании биле купени не за да се наштети на конкуренцијата, туку да се зголемат понудите за избор и привилегии за издавачите и рекламодавците. 

Од Гугл изјавија дека нема ништо погрешно или ексклузивно во договорот за аукции на реклами со Фејсбук. 

-Тврдењата се неточни, ние не манипулираме со аукциите, изјави портпарол на Гугл. 

Според договорот, се работи за тоа Фејсбук да добие фиксен процент од рекламни аукции. Внатрешен меморандум на Фејсбук го оценил договорот како „ефтин“, во споредба со директната конкуренција. 

Back to top button
Close