Хрватскиот премиер : Не може Србија и поефтина нафта и не воведува санкции на Русија., ние будали ли сме?

Хрватскиот Премиер Андреј Пленковиќ вели дека Хрватска не може да биде „корисна будала“ и да дозволи Србија преку Јадранскиот нафтовод да добива евтина руска нафта и да не и воведува санкции на Русија. Тој денеска од Прага порача дека Србија не може да седи на два стола и да води таква политика кон Русија која како што рече врши агресија во Украина.

Без да се интересира какви последици новите санкции кои ЕУ ги воведе против Русија а со тоа и против Србија ќе имаат врз регионот, Пленковиќ потенцираше дека низ нафтоводот може да тече било која нафта, освен руската.

„Србија во вакви околности не може да седи на две столчиња. Не може да биде земја која ќе дојде овде и ќе зборува за европската перспектива и нема да почитува ниту една санкција против Русија. Секоја нафта која на Србија и треба и сака да ја донесе преку Јадранскиот нафтовод во Крк може, освен руската. “ – рече Пленковиќ.

Back to top button
Close