И вечерва протести на ВМРО-ДПМНЕ, се бара оставка од Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно со протести, овој пат низ неколку градови во државата ги повтори барањата и ставовите кои ги искажа вчера, по повод изнесените ставовите на премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС.

Антонијо Милошоски од протестот во Велес порача дека премиерот Зоран Заев дека треба да поднесе оставка и го опиша како „прилично неурамнотежена личност и политичар“.

„Заев не успеа да донесе инвестиции, не успеа да го подобри здравството, не успеа да го заштити достоинството на државата, не успеа да направи подобар живот што го нудеше. Успеа во две работи да направи многу предавста и успеа да да ги обедини граѓаните на Македонија против Заеви. Затоа нашата порака е оставка за Заев, слобода за македонија. Сметаме дека ова парола ја поддржуваат многу граѓани без разлика политички каде припаѓаат, без разлика национално каде припаѓаат или кој им е мајчиниот јазик. Многу граѓани стануваат секој ден посвесни дека со Заев нивниот живот станува потежок. Животот во Македонија станува потежок, понижувањата за Македонија за жал стануваат поголеми и затоа сметаме дека Македонија може да го направи првиот чекор напред и во еконосмка и во здравствена и во национална и во инвестициска смисла и во секоја друга кога Заев ќе падне од власт“, изјавил Милошоски.

Покрај Велес, ВМРО-ДПМНЕ за денеска повика на протести и во Куманово, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

Back to top button
Close