И Зечевиќ бил позитивен и ширел зараза во Охрид, тврди ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ додека ја замајува и лаже јавноста за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ на 19-ти во Охрид за време на Водици, без заштита, без маска ширеше корона меѓу охриѓани, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Миле Зечевиќ и официјално е позитивен на корона вирусот од 20-ти јануари, што значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани. Ја повикуваме директорката на центарот за јавно да го осуди неодговорното постапување на Миле Зечевиќ. Да се оттргне од партиските канџи на СДСМ и наместо како портпаролка на власта нека постапи совесно и нека побара кривична пријава за Зечевиќ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ пак утрово во соопштение до јавноста побараа Пецаков да престане да врши притисок врз институциите, како што претходно правел неговиот шеф Христијан Мицкоски и да преземе одговорност за своите постапки.

-Откако беше фатен како ги крши протоколите за заштита од коронавирусот и ги загрозувајавното зздравје, Пецаков почна да глуми жртва иако факт е дека наместо да биде во изолација додека чекал резултати за Ковид 19, спротивно на протоколите, тој беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици, велат од владејачката партија.

Back to top button
Close