Индустриското производство во февруари зголемено за еден отсто


Индустриското производство во февруари годинава во однос на февруари лани е зголемено за еден отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Вкупно, во првите два месеца од 2022, во споредба со 2021 година, пак, е помало за 0.5 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи опаѓање од 1.3 %, во секторот Преработувачка индустрија намалување од 2.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 45.4 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 36.9 %, Капитални производи за 8.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.8 %, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 19.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 12.7 %.

Back to top button
Close