Инспектори ја запечатија канцеларијата на „Беса транс“

Вонредниот увид на Инспекторатот за транспорт доаѓа по автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, каде што животот го загубија 45 лица

По вонредната инспекција, државниот инспекторат за транспорт ги напушти канцелариите на фирмата „Беса-Транс БТБ“ во Скопје, јави ТВ21.

По извршените контроли, инспекторите го затворија објектот и поставија ленти на вратата.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави попладнево дека автобусот на „Беса транс“, оваа година имал 113 влез-излез од земјава.

Во 2021 година имал 113 влез-излез од државата. Тој е произведен во 2007 година, регистриран на 15 октомври оваа година (важност до 13.10.2022), а последниот технички преглед е направен на 5 октомври годинава и притоа не се регистрирани отстапки или укажувања за неисправност“,рече Спасовски.

Во однос на инспекциските проверки, ова компанија и во 2020 и во 2021 година има кривични пријави и прекршочни постапки, но поврзани со прекршувања на ковид-протоколите.

Како што рече Спасовски, покрај истрагата на бугарските органи, која треба да покаже како дошло до несреќата, во нашето обвинителство е оформен предмет кој треба да ги открие сите факти и докази околу тоа дали имало незаконско работење.

Од Министерството за транспорт и врски, претходно, соопштија дека превозникот „Беса транс“ не го пријавил опожарениот автобус во електронскиот систем и со тоа немал извадено лиценца за него, туку користел лиценца издадена за друг автобус во сопственост на компанијата.

Back to top button
Close