ИРЛ: Контроверзен бизнисмен му продал на кумановски Комуналец средство за одмрзнување улици за цела следна деценија

Во подрумските простории на Градскиот базен во Куманово веќе две години се складирани 48.000 литри средство за одмрзнување на улици. Се чуваат во пластична амбалажа, онака како што биле спакувани кога биле доставени. Ги набавило Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово во 2019 година, но во изминатите две зими се потрошени само 2.000 литри. Средството за одмрзнување „Ајс Мелт“ е купено на тендер по цена од 52 денари за литар или со ДДВ вкупно се платени 50.000 евра за целата количина, пишува ИРЛ.

Набавката била направена во време на поранешниот директор на претпријатието, Даниел Стојчевски, според кого била нарачана мала количина, но толку пари можеле да одвојат од буџетот.

„Направивме некаква проценка на површините и претпоставивме колку од прилика ќе биде потребно и нарачавме. Фирмата даде најевтина понуда, но не падна снег и искористивме отприлика два, три тона“ – вели Стојчевски за ИРЛ.

Комуналното претпријатие од Куманово било првиот клиент на градежната фирма „Асфалт“ која во 2019 година го нуди средството „Ајс Мелт“ произведено во Србија.

Општината Куманово зафаќа површина од 509 квадратни километри и е една од најгусто населените општини во земјава. Сепак, комуналното претпријатие, кое ја извршило набавката е надлежно за одржување на мала површина. Односно, се грижи за тротоарите, градските плоштади и училишните премини во градот Куманово да не бидат замрзнати во најстудените денови од годината.

Сегашната директорка на јавното претпријатие, Цветанка Ивановска, не знаеше на памет колку литри од средството е нарачано, потрошено, ниту колку им е преостанато за некоја од наредните зими.

повеќе

Back to top button
Close