Искусни медицински сестри во Куманово се избркани од работа, за на нивно место да дојдат кадри на ДУИ, тврди пратеникот Петрушевски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, тврди дека четири искусни медицински сестри од Здравствениот дом Куманово се избркани од работа, за на нивно место да дојдат кадри од ДУИ.

Тој вели дека овој настан бил причина за претседателот на општинскиот огранок на СДСМ во Куманово да поднесе оставка.

„…Во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од СДС, кои веќе 4 години работеле таму по договор.

Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки.

По овој настан, претседателот на ОО на СДС Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема.

Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ“,

објави Петрушевски на фејсбук.

Петрушевски повикува надлежните институции да го испитаат случајот и да се поништи огласот.

Back to top button
Close