Исламистите во Мозамбик ослободија киднапирани монахињи

 Исламистичка бунтовничка група во Мозамбик ослободи две монахињи на Римокатоличката црква кои беа киднапирани и заробени повеќе од три недели.

Станува збор за бразилски државјанки, кои биле ослободени на 6 септември и во моментов закрепнуваат и се под медицински надзор надвор од провинцијата Кабо Делгадо, каде што беа киднапирани.

Тие биле 24 дена во заробеништво во градот Мокимбо да Праја, а исламистичката група што ги киднапирала е поврзана со терористичката организација Исламска држава.

Back to top button
Close