Истрагата за осомничените за убиството на Вања и Панче заврши, во тек е истрагата за Палчо


Обвинителството ја заврши истражната постапка против осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и сега е на пат да се покрене обвинение за нив.

За првоосомничениот, Љупчо Палевски Палчо прво ќе се чека исказ пред обвинител, пренесува „Скопје1“.

Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски остануваат со статус на осомничени лица за сторени кривични дела убиство, помагање во извршување и помагање во грабнување.

Статус на осомничено лице добива и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, за кого обвинителката тврди дека дал информација за траекторијата и времето на движење на неговата ќерка.

Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска во изјава за порталот информирала дека утврдени се сите траектории на движења на Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски како лица кои се гонат за сторување на грозоморните убиства.

Претходно, истрагата утврдила дека Палевски им давал насоки на Кешишев, Манев и Видески, со автомобилот на претходно убиениот Панче Жежовски од Велес да одат пред зградата на Вања и да ја грабнат.

Тие ја ставиле во бажаникот на украдениот автомобил. До овој момент, според истрагата, го нема Палевски, кој по кратко време се среќава со осомничените.

Одат во Бразда и таму се случува убиството.

Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, на прес-конференција посочи дека куршумот го испукал Палевски.

Teлата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа пронајдени на 3 декември мината година.

Back to top button
Close