Излезност до 11 часот во Скопје: Како се гласаше лани, а како сега?

Далеку пониска е излезноста на локалните избори споредено со парламентарните кои се одржаа минатата година.

Најдобар репер за тоа е споредбата на излезноста во општините во Скопје.

Во Аеродром денеска до 11 часот на гласање излезе 10,32 отсто, а лани 15,53 проценти. Во Бутел излегле 12,05 отсто, додека лани бројката била 15,28 проценти. Во Ѓорче Петров излезноста е речиси двојно помала, па така, денеска излегле 11,03, додека лани 20 проценти. Речиси иста е сликата и во Карпош, Кисела Вода и Центар. Во Карпош денеска излегле 10,16, а лани 20,86 проценти. Во Кисела Вода, излезноста е 11,03 отсто, а лани била 20 проценти. Во Центар, пак, денеска има само 9,53 проценти, додека лани излезноста била 21,42 отсто.

Најмала разлика во поглед на излезноста има во Чаир. Денеска на гласање излегле 7,09 отсто, а лани бројката била 9,82 проценти.

Back to top button
Close