Извештај за состојбата на Ромките на пазарот на трудот

Групата за застапување за еднакви можности при вработување, составена од Ромки активистки која делува во рамки на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска ќе презентира наоди од Извештајот за состојбата на Ромките на пазарот на трудот.

– Овој извештај опфаќа поглавја за застапеноста на Ромките во јавните институции, за искористеноста на мерките и програмите за вработување од страна на Ромките и за институционалната подготвеност и поддршка за имплементација на стратегиските документи за инклузија на Роми во државата. Групата ќе информира и за своите постигнувања од застапувањето на локално, национално и меѓународно ниво, информираат од  ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување .

Од ХЕРА  најавуваат учество на претставници од Собранието на РСМ и ресорните министерства, како и претставници на единици на локалните самоуправи, амбасади, меѓународни и невладини организации.

Конференцијата се организира во рамки на проектот „Ромките застапуваат за еднакви можности при вработување“, кој е финансиски поддржан од шведската фондација „Kvinna Till Kvinna“

Back to top button
Close