Како падна скопски БЕГ  

Во моментов цената на природниот гас е околу 900 долари за 1000м3 што е 520% раст во однос на јануари 2021

– Во јануари 2021 цената на гасот е 172 долари за 1000м3

– Највисока цена е регистрирана на крајот на декември 2021 – 2088 долари за 1000 метри кубни гас

 

– Во јули на 3 месеци пред локалните избори во октомври РКЕ носи одлука со која ја намалува цената на парното за 4%. Одлуката е дочекана како изненадување бидејќи во тој момент цената на гасот околу 500 долари за 1000 метри кубни, е речи си три пати повисока (290%) од цената на почетокот на годината и исто толку повисока од цената која беше во август 2020 година, кога РКЕ реши да не ја менува цената на парното греење.

 

 

 

– Во декември 2021 РКЕ решава да го поскапи парното за 14% и покрај тоа што цената на гасот за една година е порасната за 500% а во однос на јули 2021 (кога цената беше намалена за 4%)  имаме раст на цената за околу 80%.

 

Во такви услови станува јасно дека БЕГ која е приватна компанија веќе нема паразни услови да функционира, односно, со одлуката парното да поскапи за само 14% РКЕ и Владата однапред знаат дека конмпанијата многу брзо ќе престане да испорачува топлинска енергија, бидејќи едноставно, нема математика да работи. За Скопје да има парно со актуелните цени кои граѓаните му ги плаќаат на БЕГ, приватната компанија ќе треба секој месец да генерира загуба која нема начин да ја надоести, што би значело, БЕГ ќе треба да ги грее скопјани на свој трошок.

Владата свесна дека реалното покачување на цената на толинската енергија дефинитивно ќе донесе голем ценовен шок кој може да ексалира со социјални немири, носи одлука за поскапување на парното од само 14% и со неа однапред знае, или треба да знае дека БЕГ ќе мора да се откаже од загревањето на главниот град.

Дека Владата знаела дека со одлуката за поскапување на парното од само 14% БЕГ оди во историјата, говори и изјавата на првиот човек на РКЕ Марко Бислимовски кој сам призна дека донел одлука со нереална цена.

 

„РКЕ ќе донесе одлука со којашто цените за топлинска енергија ќе бидат реални. Разликата помеѓу оваа реална цена до постоечката цена ќе бидат покриени во најголем дел од Владата, а во еден сосема минимален дел од Градот Скопје и од општините во градот Скопје. На тој начин ќе се обезбеди потребната ликвидност“, рече Бислимовски на 11 јануари годинава.

 

Ако РКЕ носи одлука за цена која што ќе биде реална, само 10 дена по претходно донесената одлука, се поставува прашањето, зошто РКЕ „реалната“ цена не ја донела како одлука пред да избие проблемот со греењето на скопјани?!?

 

По ова следи одлука на Владата со која од буџетот се субвенционира греењето на скопјани, трошок кој веројатно во Владата однапред го имаат испланирано.

Но, парите во Буџетот не се пари на Владата, туку пари на граѓаните, па пресметките покажуваат дека Владата само испланирала, проблемот кој Скопје го има со греењето а кој настанува поради високите цени на гасот на светските берзи да го дисперзира меѓу сите граѓани на државата, односно, за скопското парно да плаќа цела Македонија, па скопјани да не почувствуваат некој значителен ценовен шок.

Очекувано е владата сега да се обидува политички да го неутрализира овој проблем па вината за тоа да ја префрли на Град Скопје иако градот реално нема никаква улога ниту во регулирањето на цената ниту пак во договарањето на набавките на гас.

Соседна Србија се соочи со ист проблем поради драстичниот раст на цената на гасот, но тамошната администрација предводена од Претседателот Вучиќ итно отпатува во Русија и си договори повластена цена на гасот која е под 300 долари за 1000 метри кубни гас.

 

 

Back to top button
Close