Камион удри скопјанка  

Вчера утрото, камион удри во 71-годишна скопјанка, при што била веднаш префрлена на скопските клиники, пренесуваат од МВР.

„На 4 март 2022 во 09,00 часот на ул.Христијан Тодоровски – Карпош во Скопје товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.И.(61) од Скопје удрило во С.А.(71) од Скопје. Oд незгодата со повреди се задобила С.А на која во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, додаваат од Министерството за внатрешни работи

 

 

Back to top button
Close