Кавадарчанецот кој синоќа му се закануваше на Јанчев, денес се извинувал: “Лошо пијанство имам!
Кавадарчанец на возраст од 35 години синоќа бил лишен од слобода, бидејќи во угостителски објект во центарот на градот агресивно се однесувал и му упатил закани на градоначалникот Митко Јанчев.
Од СВР Велес информираат дека тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Околу тоа што точно се случило, за ,,Фокус” појаснува градоначалникот, кој вели дека синоќа, кога се случил немилиот настан, седел во локалот со свои соработници од јавните служби и разговарале за претстојниот фудбалски натпревар.
Мажот кој му дошол на маса да му се заканува, првин го забележал неговиот автомобил пред локалот, со намера да се заканува влегол внатре, скршил чаша, и започнал да го навредува, да удира на неговата маса, и да му кажува дека ќе види убаво.
…