Кој е Азир Алиу, новиот министер за здравство

Азир Алиу е новиот министер за здравство.

Тој вчера беше избран во македонското Собрание, а доаґа на местото на на Арбен Тарвари, кој заедно со
неговото крило во поделената Алијанса за Албанците ја напушти Владата и коалицијата „Вреди“. Алиу е од истото крило, но одлучи да остане во коалицијата.

Образование

Тој е дипломиран инжинер по електротехника на Електотехничкиот факултет при Универзитетот “Кирил и
Методиј“ во Скопје, стои во неговата официјална биографија.

Алиу е и доктор по информатички науки, а докторирал на Природно-математичкиот факултет при
Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тој е и магистер по електротехника при Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје.

Работно искуство и политичка кариера

Од 2002 година до денес работи на Универзитетот на Југоисточна Европа како редовен професор, а овде бил и потпретседател на Управниот одбор, продекан за наука, асистент …

Интересен детал во неговата биографија е дека во периодот од 2013 до 2017 година го советувал тогашниот премиер Никола Груевски, за високо образование, наука и ИКТ.

Покрај академското искуство, Алиу има и долга кариера во приватниот сектор како претприемач, ментор и
консултант.

Тој во периодот од 2013 до 2018 година меґудругото бил и директор и иницијатор на првиот технолошки парк SEEUTechPark во Тетово.

Во периодот од 2023 до 2024 беше министер за информатичко општество и администрација.

Фото: Фејсбук/Алиу

Извор: emagazin.mk

Back to top button
Close