Координација за пописот: Спроведувањето на пописот е висок државен интерес, непотребна е негова политизација

 Законското решение не е пречка да се одржи успешен попис, проблемите се околу неговата политизација, порача претседателот Стево Пендаровски на денешната координација на државниот врв и градоначалниците организирана од Државниот завод за статистика по повод претстојниот попис.

-Проблемите не се ниту законски, ниту технички, ниту здравствени, туку во неговата непотребна политизација, која се креира во јавноста со повици за бојкот ако резултатите не отсликуваат нечија замислена бројка. Тие не доаѓаат од една страна и се рефлексија на стравот од резултатите, што пак произлегува од концептот на човекови права како збир на привилегии што некој некому ги дава. Затоа, кога се пребројуваме во регионот се уште веруваме дека силата е во бројките и дека само така ги остваруваме правата. Но, човековите права не се привилегии што можат да се одземат или изгубат во зависност од нечија одлука или волја и тие не зависат од бројката. Во демократска  држава со европска иднина стекнатите права не сметат да се одземаат туку само да се зголемуваат, рече Пендаровски.

Според него, ако постои една работа што треба да не исплаши, тоа е таа на иселени граѓани,на млади луѓе кои засекогаш ја напуштиле државата во потрага за подобра иднина, а вели, се иселуваат од секоја етничка и верска припадност, и од сите општини и градови.

Претсдетаелот на Собранието Талат Џафери порача дека Пописот не е и не смее да биде политичка операција.

-Редно е да се издигнеме над тој порив, редно е да се вброиме меѓу земјите кон чие што друштво и целиме. Во прилог на ова е сериозноста со која сите институции, почнувајќи од Државниот завод за статистика, Министерствата кои за целите на пописот соработуваат со Заводот, Единиците на локалната самоуправа и сите чинители се вклучени во планирањето и подготовката на Пописот кој се рангира како активност од висок државен интерес за кој што во Собранието беше донесен и посебен Закон и врз основа на истиот се спроведува дури и оваа денешна активност на информирање и давање на адекватна поддршка и вклучување на институциите од највисоко ниво, рече Џафери.

Back to top button
Close