Ковачевски и Петков на 23 мај ќе имаат средба во Рим


На 23 мај во понеделник во 17 часот, премиерите на Македонија и Бугарија, Ковачевски и Петков ќе имаат средба во Рим, неофицијално дознава ТВ 24. 23 мај е последниот ден од посетата на бугарската делегација на Рим, а прв ден од посетата на македонската делегација на Рим, а до последен момент македонската и бугарската влада правеа напори да се случи средба на италијански терен.

Дали на еден ден пред празникот на светите браќа Кирил и Методиј, Ковачевски и Петков ќе подадат рака со договор или само од куртоазија, не се открива.

Од бугарската влада за ТВ 24 велат дека делегацијата која же ја предводи премиерот Петков, во Рим заминува на 22 мај, а на 23 мај ќе има аудиенција кај папата Франциск, по што истата вечер се враќаат во Софија.

Македонската владина делегација заминува на 23 мај во Рим, а на 24 ќе има аудиенција кај папата.

Бугарскиот премиер Петков во последен момент ја откажа посетата на Скопје, која требаше да се случи во недела на 22 мај.

Back to top button
Close