Ковачевски: Oд Скопје до Лондон ќе бараме луѓе, за да ѝ помогнеме на државата

Кандидатот за лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва информираше дека доколку стане претседател на партијата, ќе го врати на функција во партијата, поранешниот советник на премиерот Зоран Заев и поранешен директор на УБК, Миле Зечевиќ.

-Ќе биде вклучен во реорганизација на партијата и враќањето на членовите, изјави Ковачевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Тој уште еднаш потенцира дека „ќе направи сѐ за да ги консолидира редовите, за да најде луѓе, надвор од партијата, кои делат исти вредности“.

-Од Скопје до Лондон, ако треба и до Нов Зеланд, за да ги вклучиме, со нивното знаење стекнато низ светот, да го пренесат во СДСМ, а потоа ние да го процесуираме во унапредувањето на процесите во државата, истакнува Ковачевски

Back to top button
Close