Кражба во наплатен пункт на „Паркинзи” на Клинички центар

Едно непознато лице вчера одзело пари од наплатен пункт на Јавното претпријатие „Паркинзи” на општина Центар во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен синоќа во 22:04 часот во СВР Скопје.

Лицето со закана и со остар предмет од вработениот одзело пари од дневниот промет.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close