Кристина Камчева Стојческа е нов директор на Орка Холдинг

До август 2019 година, таа позиција ја извршуваше нејзиниот брат, Орце Камчев. Но, тој се повлече непосредно пред стартот на истрагата за случајот „Рекет“, во кој тој беше жртва на изнуда од Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Во изминативе две години, таа позиција ја имаше Антоније Мариновски

Компанијата на бизнисменот Јордан (Орце) Камчев, Орка Холдинг, направи неколку измени во управувачката структура. Директорската позиција од вчера е на неговата сестра, Кристина Камчева Стојческа. Таа ја презема позицијата од Антоније Мариновски, кој го замени Орце Камчев на управителската позиција на 13 август 2019 година. Ден по заминувањето на Камчев, Обвинителството ја објави истрагата „Рекет“, во кој токму Камчев беше жртва на изнуда од Бојан Јовановски и поранешната обвинителка Катица Јанева.

Во изминативе две години, Орце Камчев беше и неизвршен член на одборот на директори на Орка Холдинг. Со последните измени, тој веќе не ја извршува ниту таа функција.

Досегашниот управител на Орка Холдинг, Антоније Маринковски, дојде од банката Сосиете Женерал. Неговото доаѓање се совпадна со судските процеси во кои е инволвиран Орце Камчев, некаде како жртва некаде како обвинет или осомничен. Во последниве две години, Орха Холдинг има значителен пад во приходите но тоа не ја одразува целата слика бидејќи компанијата има сопственички удели во околу 20 правни лица.

Back to top button
Close