Кривична пријава за директорот на Музејот на албанската азбука во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола, против А.Н.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека пријавениот, во својство на службено лице, директор на Националната установа – Музеј на албанската азбука во Битола, во периодот од 2015 до 2020 година во повеќе наврати постапил спротивно на Закон за јавни набавки и Закон за музеите и на повеќе физички лица им овозможил незаконски да се стекнат со имотна корист, а со тоа го оштетил буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.128.551 денари.

Back to top button
Close