Кривична пријава за сопственик на угостителски објект поради непочитување на мерката за работа до 18 часот
Против сопственик на угостителски објект во кочанското село Грдовци ќе биде поднесена кривична пријава за непочитување на работното време утврден со мерките донесени од Владата за спречување на ширење на Ковид-19, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, полициски службеници од ОВР Кочани на 24.12.2020 во 22.15 часот во угостителскиот објект во село Грдовци, Кочанско, затекнале неколку гости, односно било констатирано дека сопственикот не ги почитувал мерките донесени од Владата за спречување на ширење на пандемијата, односно не го почитувал работното време.
Од министерството известуваат дека по насоки од ЈО Кочани и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.