Кризата предизвикана од Ковид-19 го зголеми бројот на корисници на социјална помош во Фрација

 

– На крајот на октомври, повеќе од 2 милиони домаќинства примаа РСA (активен приход од солидарност) или 8,5 отсто повеќе од претходната година на истиот датум, според бројките објавени од статистичката служба на Министерството за солидарност и здравство, јави дописникот на МИА.

Влошувањето на несигурноста, директна последица на здравствената криза што предвидува уште милион сиромашни на крајот на 2020 година, почнува да се гледа во статистиката. Досега, тоа беше резултат на повеќе аларми што се појавуваа од земјата, како што се сè почестото прибегнување кон помош од храна, зголемувањето на барањата за активен приход од солидарност (РСА) или неплатените кирии. Дирекцијата за истражување, студии, евалуација и статистика (ДРЕС) достави квантифициран извештај во кој се документира, преку силното зголемување на бројот на корисници на минимални социјални бенефиции, осиромашувањето на дел од Французите. Оваа статистичка служба на Министерството за солидарност и здравство сега ќе ги следи овие индикатори на месечно ниво.

За една година, бројот на корисници на РСА – чиј износ е 564 евра месечно за самохрана личност, 847 евра за двојка и 1.186 евра за двојка со две деца – значително се зголеми кога беше релативно стабилен од 2017 година. На крајот на октомври, повеќе од 2 милиони домаќинства примаа RSA или 8,5 отсто повеќе од претходната година на истиот датум. Ова зголемување беше забележано во март, на почетокот на првото затворање. Потоа продолжи да расте до август и покрај крајот на ограничувањата во мај, ова поради влошената економска состојба, пред да се стабилизира. Според Националниот фонд за семејни додатоци (КАФ), кој го плаќа овој додаток, вишокот на корисници на РСА се објаснува прво со нискиот број на оние што заминале во текот на периодот (110.000 домаќинства), бидејќи мерките за итни случаи земени за време на првото затворање автоматски ја продолжија исплатата до јуни, додека новите барања – не побројни од другите години – продолжија да течат.

Другиот индикатор што станува црвен е оној на бројот на корисници на специфичниот додаток за солидарност (АСО) што го добиваат невработените на крајот од нивните права и кој се зголеми за 10,7 отсто помеѓу мај и септември. За две години, подобрувањето на пазарот на трудот го намали бројот на корисници на АСС, од 454.300 во јануари 2017 година на 350.800 во февруари 2020 година, но се врати на 380.400 на крајот на септември .

Back to top button
Close