Кржаловски во СТУДИО 10: Ако не ги почнеме уставните измени навреме, Албанија сама ќе ги почне преговорите со ЕУ

Уставните измени е жешка точка уште од лани летото и не знам зошто толку се одложува. Исто беше и со Преспа, ооставаме да дојде последниот рок. Оти ако не ги донесеме до ноември уставните измени Албанија сама ќе го започне процесот за влез во ЕУ. Треба да почнеме навреме за да можеме да дојдеме до најдобрите решенија. Сто дена е минимум за какви било уставни измени, па ако не се почне во јуни, ќе задоцниме, вели политичкиот аналитичар Александар Кржаловски во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Точно дека е проблем да се обезбедат тие 80 пратеници во Собранието но вината не е само во опозицијата туку и Владата требаше да ја консултира опозицијата пред почетокот на претпристаоните преговори, вели Кржаловски.

Ние имаме отсуство на елементарна самопочит и очекуваме странците да ни ги решат проблемите, коментира Кржаловски и додава дека можевме и сами лани да си го почнеме процесот со широки консултации како што рече и претседателот Стево Пендаровски. Бидејќи не го сторивме тоа, тргнавме да наоѓаме решение на балкански начин, па затоа доаѓаат странски дипломати и лидери да не уверат дека по ова нема да има нови блокади.

– Очигледно Владата не е сигурна дека има мнозинство во Собранието, но требаше на времето да започне партиципативен процес со вклучување на опозицијата. Власта треба да седне да разговара со опозицијата и да види што е загриженоста кај нив и да се решаваат проблемите со дијалог, вели Кржаловски.

Тој додава дека со избори не е целата власт во рацете на власта, туку дека мора да се земат предвид и мислењата на другите. Така прават сите други земји, вели тој.

Back to top button
Close