Кумановска болница објави телефони за контакт на блиските со пациентите заболени од Ковид-19

Општата болница Куманово, денеска објави телефонски броеви на кои членовите на семејствата на заболените од Ковид-19 можат да се јават и да добијат дополнителни информации.

Вчера во болницата беше адаптирано уште едно одделение, постоечкото за уво, грло и нос како нов Ковид центар 3. Претходно, на почетокот од месецов поради напливот на пациенти беше адаптирано и невролошкото одделение во Ковид центар 2.

На инфективно одделние, заинтересираните можат да се јават на бројот 076/319-941, на инфективно 2 или невролошко одделение можат да контактираат преку бројот 076/319-935 и на инфективно 3 или одделение за уво, грло и нос на 075/295-352.

– Ви доставуваме телефонски броеви на кои може да контактирате секој ден од 12 ч до 13 ч и да се информирате за здравствена состојба на хоспитализирани лица, заболени од вирусот САРС-Ков-2, членови од ваши семејства, повикаа од болницата.

Од вчера почна да функционира и дополнителна дневна болница за заболените од Ковид 19, сместена во цврста градба – поранешно одделение за патологија.

Back to top button
Close