Кузеска: По демантот од Чешка и Словачка, Николоски и Мицкоски да им се извинат на граѓаните за лажните вести

Почитувани граѓани,

Уште една шлаканица доби ВМРО лажни вести ДПМНЕ, партијата којa и во меѓународни студии е препознаена како извор на лажни вести и дезинформации.

Амбасадорите на Чешка и Словачка јавно ги соголеа срамните и безобразни лаги на Александар Николовски и Христијан Мицкоски, дека ВМРО-ДПМНЕ одработила Чешка и Словачка, како членки на ЕУ да се спротивстават на блокадата на Бугарија.

Лагите на Николовски, исто како и лагите на Мицкоски неколкупати се демантирани од релевантни субјекти.

Пред само неколку дена Данска ги дименатираше лажните вести дека го поддржала ветото на Бугарија.

Студија на ЕУ го нотираше Христијан Мицкоски како извор на лажни вести.

На почеток на светската пандемија со вирусот, Организацијата на Обединетите нации во земјава го демантираше Николовски и лажната изјава за проценка на преземените мерки.

Ова безобразно лажење на ВМРО ДПМНЕ, олицетворени преку Христијан Мицкоски и Александар Николовски, е вистинското лице на оваа фејк њуз партија.

Неодговорноста на Александар Николовски ја девалвира и фунцијата пратеник во очите на нашите меѓународни партнери и поддржувачи.

Најмалку што можат Мицкоски и Николовски е јавно да се извинат за изнесените лаги.

Дополнително, Николовски треба да си поднесе оставка од пратеничкото место во Собранието.

Недозволиво е вакво неодговорно однесување, пратеник да ги лаже своите граѓани. Граѓаните не заслужуваат лаги.

Човек што свесно шири лаги, што го руши меѓународниот углед на државата, не може да се смета за нивни претставник.

ВМРО-ДПМНЕ е комплетна феjк-њуз партија која на граѓаните не може да им понуди ништо освен невистини.

Затоа губат 6 пати на избори, затоа граѓаните им го свртеа грбот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close