Кузеска: Протестот за струјата на ВМРО-ДПМНЕ е театар, вистината е зачувување на фотелјата на Мицкоски
Портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска во вечерашното гостување во „Само Вистина“ на ТВ Канал 5 посочи дека за време на владеењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и додека беше советник на Никола Груевски за енергетика и директор на ЕЛЕМ струјата поскапи за 100%.
„Тогаш Мицкоски не најде причина дека треба да протестира кога се укинуваше евтината струја, а не најде причина и кога се поскапуваше струјата. Причината ја гледа токму сега, лицемерно лажејќи го народот дека надвор се токму поради тоа, а вистината е дека се работи за зачувување на фотелјата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“, истакна Кузеска.
Кузеска нагласи дека протестот е театар, дефокус од она што навистина е реална причина за да излезат надвор.