Лајен: ЕУ денови на вакцинација се од 27 до 29 декември

Европска Комисија вечерва ја одобри вакцината на Фајзер и Бионтек, со што стана прва вакцина против Ковид-19 одобрена во Европска Унија.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека со тоа е „отворено прво поглавие“ во борбата против пандемијата и дека вакцината ќе биде на располагањена сите земји-членки на ЕУ во исто време и под исти услови.

– Првата испорака ќе тргне од фабриката на Фрејзер во Белгија во следните неколку дена. Заедно сме во ова, а вакцинацијата може да почне истовремено во текот на ЕУ деновите за вакцинација од 27 до 29 декември, истакна Лајен.

ЕК ја одобри вакцинара на Фајзер и Бионтек по позитивните научни препораки засновани на темелна проценка на безбедноста, ефикасноста и квалитетот на вакцините од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), но и по поддршката од сите земји-членки.

ЕМА на 6 јануари реба да даде свое мислење за вакцината на американската фармацевстка компанија Модерна.

Back to top button
Close