Левица: Не преговараме за предизборни коалиции – ќе настапиме самостојно
Соопштение на Левица
Во целост ги демантираме дезинформациите што кружат во јавноста дека наводно преговараме за предизборни коалиции во пресрет на претстојните локални избори!
#Левица не води никакви разговори ниту со СДС, ниту со ДПМНЕ, а најмалку со ДУИ или било која друга партија за коалицирање.
Нашиот став по однос на предизборните коалиции е јасен и непроменет – забрана на предизборните коалиции!
Левица ќе настапи САМОСТОЈНО, без политички пазари и без партиски договори зад затворени врати.
Спроведениот јавен повик за кандидирање за градоначалници преку Левица е доказ за нашата отвореност кон граѓаните и потенцијалот на Републиката – поддржуваме луѓе со интегритет, без оглед дали се партиски членови или не, сè додека ја делат визијата за промена и конечно функционална локална самоуправа во служба на граѓаните.