Лукашенко: Можно е да сум на функцијата предолго

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, ја дозволи можноста дека е предолго на функцијата шеф на државата, но, воедно смета дека само тој е во состојба да „ги заштити Белорусите“.

Ова свое мислење Лукашенко го даде во интервју за руската телевизија „Русија 1“.

-Да, можно е да останав некое време, можно е да ме покажаа не само на ТВ, туку и преку железото и чајникот. Но, во реалноста, сега само јас сум во состојба да ги заштитам Белорусите , рече Лукашенко, пренесе БГНЕС. сд/

Back to top button
Close