Македонските граѓани ќе се ревакцинираат во Србија таму каде што ја примиле првата доза

Поголем метеж се очекува од 18 до 21 јуни, кога е терминот за повторна вакцинација на 5 700 македонските граѓани, кои во март во Србија ја примија првата доза на „Астра Зенека“, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.

Од Здравствениот дом во Врање истакнуваат дека оние што ја примиле првата доза во Ниш, Белград или некој друг град, нема да можат да се ревакцинираат во Врање, туку во градот каде што ја примиле првата доза

Масовната вакцинација на македонските државјани продолжи и викендов во Србија, каде нашите државјани бесплатно се вакцинираат без пријавување, само со потребните лични документи.

Најголем број се упатуваат на вакцинација во Врање, каде што може да изберат „Фајзер“ или „Синофарм“.

Според извештајот на Здравствениот дом во Врање на кој се повикува МИА, во саботата се вакцинирани 581, а во неделата 391 македонски државјанин.

Досега 4 502 наши граѓани се вакцинирани во Врање.

Според „Јужне вести“, македонските граѓани во помал број доаѓаат и во Ниш и Сурдулица, каде што во салата „Чаир“ од 8 до 20 часот дневно се вакцинираат по околу 100 македонски граѓани, со вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“.

Од Здравствениот центар во Ниш наведуваат дека поголем метеж се очекува од 18 до 21 јуни, кога е терминот за повторна вакцинација на 5 700 македонските граѓани кои во март во Србија ја примија првата доза на „Астра Зенека“, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.

Од Здравствениот дом во Врање истакнуваат дека оние што ја примиле првата доза во Ниш, Белград или некој друг град, нема да можат да се ревакцинираат во Врање, туку во градот каде што ја примиле првата доза.

На почетокот на месецов, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека разговарал со српскиот министер Златибор Лончар за отворање пункт блиску до границата каде што би се ревакцинирале сите македонски државјани кои пред три месеци ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ во Србија, а меѓу опциите се Врање или Ниш.

Тогаш рече дека оваа информација ќе биде објавена деновиве имајќи предвид дека ревакцинацијата би требало да биде од 17 до 20 јуни.

Back to top button
Close