Малолетничка се здобила со изгореници од струен удар во игротека

МВР информира дека на 17.10.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје, Б.Т.(45) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 19.30 часот во игротека во Скопско, на прослава на роденден на неговиот малолетен син, неговата малолетна ќерка се фатила за една од цевките во објектот, при што се здобила со изгореница на раката од струен удар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close