Маричиќ: Адвокатската комора е партнер во реформите на правосудниот систем

 Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија Љубомир Михајловски.

Како што соопшти Министерството за правда, за време на средбата министерот Маричиќ потенцирал дека Адвокатската комора е мошне значајна за квалитетот на целокупниот правосудниот систем и заштитата на човековите права.

Министерот Маричиќ истакнал дека Адвокатската комора ја смета за партнер во реформите на правосудниот систем и дека ќе биде поддршка за подобрување на пристапот до судската власт и воведувањето на електронска комуникација на судот со сите странки.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close