Маричиќ – Брегу: Добрата регионална соработка подразбира ширење на духот на европските вредности

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу, која во моментот е во работна посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата Маричиќ истакнал дека добрата регионална соработка е суштинска за ширење на духот на европските вредности и практики, за динамична европеизација на регионот, а дека во тој поглед, Советот за регионална соработка е значаен за воспоставување и негување на добрата соработка во регионот.

Министерот Маричиќ потенцирал дека Република Северна Македонија е на историски пат бидејќи наскоро се очекува официјално започнување на преговорите со ЕУ и да го отвориме Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

Back to top button
Close