Маричиќ: И да има мониторинг, доколку се исцрпени сите можности правдата пак ќе се бара пред Стразбур

 

Владата нема намера да ги загрозува постоечките механизми, она што е усогласено на ниво на партии е на ниво на политичка волја и одлука, но не и на правни механизми.

Политичарите не можат да ја заменат улогата на судските инстанци, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ за договорот меѓу СДСМ и Алтернатива, според кој ќе се бара меѓународен мониторинг за случаите „Монструм“, „Диво насеље“, „Алфа“, како услов Алтернатива да влезе во владата.

-За оние предмети што се завршени можеме да побараме од ЕУ да изврши некаков мониторинг, но механизмите за тие случаи одново да се отворат лежат во домашното право. Доколку тука се исцрпени сите можности, останува странките да се обратат до Судот во Стразбур, рече Маричиќ за ТВ 21.

Тој потсети дека случајот „Монструм“ по вторпат бил отворен, па повторно се дошло до истиот исход, но напомена дека ќе се слушне одговорот од Европската унија.

-Дојдено е до точка на политичка волја за меѓународен мониторинг и ние тоа ќе го побараме од ЕУ, ќе го видиме нивниот одговор.

Ставовите на ЕУ досега се познати, но да прејудицирам, а што тие ќе ни кажат сега зависи од нив. За случаите на висока корупција тоа се случи преку набљудување на ОБСЕ.

Логично е што договорот меѓу СДСМ и Алтернатива во делот на судските случаи да предизвика реакции, но ако влеземе во суштината на овој договор тоа не значи дека ќе се влијае на пресудите, тоа е работа на обвинителството и судовите, рече Маричиќ

Back to top button
Close