Маричиќ: И сега ЕУ мониторира 20 судски случаи, тоа не е влијание врз судството

 Мониторингот на судски случаи не е новитет, постојат организации кои тоа го мониторираат, а дел од ове предмети беа барани за мониторинг, имаше барања и други предмети кои биле судени во времето на режимот, истакна вечерва министерот за правда Боран Маричиќ на Топ тема.

– Владата има побарано помош од ЕУ за мониторирање случаи на висока корупција, како и некои законски решенија во парламентот. Нема проблем било кој случај да биде мониториран, но да не се влијае на суштината ниту пак на нејзиниот исход. Не би било проблем за било кого, а пресудите се на обвинителството и судиите, вели тој.
Според Маричиќ извршната власт нема да се меша ниту во судската власт ниту овинителството, туку само ќе мониторира.
-Има различни случаи, некои се завршени и незавршени, ние како Влада сме побарале мониторинг од ЕУ, 20 случаи на висока корупција се набљудуваат, има случаи на СЈО, а има и други. Не е првпат да се отвора ова прашање, но најважно е да нема политичко влијание на исходот и суштината на предметите, рече министерот Маричиќ.

Back to top button
Close