Масовни протести во Чиле, приведени речиси 600 луѓе

На протестните акции во Чиле се задржани 580 луѓе, соопшти денеска заменик министерот за внатрешни работи, Хуан Франсиско Гали.

Во Сантијаго и други градови во земјата, синоќа се одржаа митинзи по повод годишнината од почетокот на масовните протести низ целата земја. Акциите завршија со многу безредија и судири со полицијата.

Барањата на демонстрантите не се променети – обезбедување социјална еднаквост и укинување на Уставот усвоен уште од времето на воената диктатура и нејзиниот лидер Пиноче.

Back to top button
Close